Изборни власти: Изборите од 3 ноември се најбезбедните во историјата на САД
- Американските изборни власти соопштија дека не се пронајдени докази за изгубени или изменети гласачки ливчиња, ниту за хакирани системи за гласање, додавајќи дека „изборите на 3 ноември беа н
Вашингтон, 13 ноември 2020 (МИА) - Американските изборни власти соопштија дека не се пронајдени докази за изгубени или изменети гласачки ливчиња, ниту за хакирани системи за гласање, додавајќи дека „изборите на 3 ноември беа најбезбедните во историјата на САД“.
„Нема докази дека системот за гласање ги избришал, изгубил или изменил гласачките ливчиња, ниту дека бил хакиран на кој било начин“, се наведува во заедничкото соопштение на надлежните власти, меѓу кои и Агенцијата за кибер безбедност при Министерството за внатрешна безбедност на САД.
Надлежните агенции соопштија дека имаат „апсолутна доверба во безбедноста и интегритетот на изборите во САД“.
Овие тврдења се во спротивност со обвинувањата за измама од страна на претседателот Доналд Трамп и неговиот изборен штаб, кои и натаму одбиваат да го признаат поразот на изборите на 3 ноември. паг/