• сабота, 23 ноември 2024

Изборниот штаб на Трамп воспостави телефонска линија за пријавување кражба

Изборниот штаб на Трамп воспостави телефонска линија за пријавување кражба
Вашингтон, 6 ноември 2020 (МИА) - Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп воспостави телефонска линија за дојдовни повици во врска со наводна изборна кражба, додека тимот на Бајден настојува да ги убеди приврзаниците и сојузниците да ја потврдат легитимноста на изборите. Си Ен Ен наведува дека Трамп ја оценува постапката за пребројување на гласовите како „заговор за кражба на изборите“, а со воспоставување на телефонска линија се обидува да ги оправда своите тврдења. Штабот на Бајден по синоќешното обраќање на Трамп во Белата куќа започна план кој денеска е во тек, со цел да ги убеди неговите стари сојузници во Сенатот да заборуваат за легитимноста на изборите. Се очекува обраќање до јавноста на демократскиот кандидат, но не е прецизирано кога би можело да се случи тоа. гт/

Остани поврзан