• вторник, 26 ноември 2024

Идните градби во Пржино и Црниче намалени до четири станбени единици

Идните градби во Пржино и Црниче намалени до четири станбени единици
Скопје, 26 април 2022 (МИА)Општина Кисела Вода ја усвои инцијативата поднесена од граѓани во рамки на проектот „Стоп за урбаната мафија во која се бара да престане изградбата на згради на места каде е предвидена изградба на семејни куќи. Со тоа, во оваа општина, со посебен акцент на Пржино и Црниче брoјот на станбени единици во објекти со намена А1-Семејно домување е ограничен на четири. 

 -Општинските стручните служби констатирале оти барањето е основано. При разгледување на овие 39 урбанистички планови е констатирано дека во ниту еден од нив нема јасно дефиниран број на станбени единици со намена А1-семејно домување. Поради ваквата ситуација, на терен се јавува состојба едни граѓани да градат и по 8, 16 или 32 станбени единици со намена А1-семејно домување,  додека други само 4 станбени единици, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на општината.

Според градоначалникот, ваквиот пропуст во урбанистичкото планирање на Општината доведува до злоупотреби од страна на урбаната мафија и наместо куќи за семејно домување, никнуваат станбени згради со 32 и повеќе станбени единици, со нерешени паркинг места и комунална инфраструктура која не може да го издржи урбаното лудило.

-Анализата покажа дека вакви објекти најмногу се градени во Црниче и Пржино иако поедини објекти има и во други делови од општината. Ги повикувам сите советници кои се залагаат за чесна и транспарентна работа, во интерес на граѓаните да ја дадат својат поддршка на овој нов начин на функцинирање на локалната самоуправа која пред се, ќе обезбеди еднакви услови за сите свои жители. Конкретно, во Кисела Вода да не може да се градат повеќе од 4 станбени едници за намена А1 -куќи за семејно домување, рече Ѓорѓиевски.

Од општинската прес-служба соопштија дека предлогот за автентично толкување беше усвоен со 16 гласа за и оти воздржано гласале 7-те советници од СДСМ, кои претходно побарале точката да биде симната од дневен ред.бт/лв/

Остани поврзан