• недела, 17 ноември 2024

Идентификувани 54 од 57 загинати во железничката несреќа во Грција

Идентификувани 54 од 57 загинати во железничката несреќа во Грција

Атина, 3 март 2023 (МИА) – Од направените ДНК анализи и испитувањето на добиените примероци идентификувани се 54 жртви од железничката несреќа во Грција, согласно последните официјални податоци соопштени од портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду. 

Во однос на процесот на информирање на роднините на жртвите, Димоглиду објасни дека продолжува од претставници на полицијата и специјални психолози, а на семејството на секоја жртва му се дава неопходното време.

Во железничката несреќа загинаа 57 лица, 38 се хоспитализирани, од кои седум на одделите за интензивна нега.

Поради трагедијата, веќе трет ден во Атина се организираат протести и собири.

Претпладнево протестираа студентите и учениците, кои мирно и масовно маршираа до зградата на „Hellenic train“, додека пак вечерва, демонстрации завршија со инциденти меѓу група маскирани лица и полицијата. ср/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан