Иванов: Францускиот предлог е успех за Бугарија
- Францускиот предлог за европски гаранции за исполнување на бугарските услови од Северна Македонија е успех за Бугарија. Отфрлањето на тоа е пропуштање можност за добар договор, изјави за БНР
Софија, 16 јуни 2022 (МИА) - Францускиот предлог за европски гаранции за исполнување на бугарските услови од Северна Македонија е успех за Бугарија. Отфрлањето на тоа е пропуштање можност за добар договор, изјави за БНР копретседавачот на партијата „Демократска Бугарија“, Христо Иванов.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Иванов, Бугарија е на пат да ја пропушти можноста за добра зделка што ја направи француското претседателство. Најважниот параметар на овој договор, како што вели, е дека ќе има обврска од Европската комисија да следи дали Северна Македонија ќе ги вклучи Бугарите во уставот на земјата како другите народи кои се основачи на републиката, а не како малцинство.
-И ако тоа не се случи, нема да има преговори за првото поглавје. Ова е успех за бугарската дипломатија и ова не е национално предавство, рече Христо Иванов.
Тој го критикуваше однесувањето на министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска. Надворешната политика на Бугарија ја одредува владата на државата. И од оваа гледна точка, според Христо Иванов, секој министер кој тврди дека можеби има некоја друга политика едноставно си поднесува оставка, како и обично. А тоа го направи кога беше министер за правда на Бугарија за време на третата влада на Бојко Борисов помеѓу 2015-2017 година.нк/лв/