• петок, 05 декември 2025

Зохар: Израел не сака привремено примирје, туку крај на војната и враќање на заложниците

Зохар: Израел не сака привремено примирје, туку крај на војната и враќање на заложниците

Тел Авив, 31 август 2025 (МИА) - Израелскиот министер за култура, Мики Зохар, денеска изјави дека договорот за привремено примирје за ослободување на заложниците што ги држи Хамас во Газа не е на дневен ред на денешната владина седница.

„Тајмс оф Израел“ го цитира министерот кој е дециден дека „Израел се залага само за сеопфатен договор за прекин на огнот и враќање на заложниците“.

-Веќе нема можност за делумен договор. Тоа не е на нашата агенда. Единствената тема е завршување на војната, се разбира, со враќање на сите заложници и демилитаризација на Појасот Газа, изјави Зохар за Канал 12.

Пред две недели, Хамас објави дека ќе прифати двомесечно примирје во кое ќе ослободи 10 од 48-те израелски заложници што ги држи живи во Газа.

Израелската влада не одговори на оваа понуда и продолжува со плановите за преземање на контролата врз градот Газа.сд/

фото:Википедија

Остани поврзан