• недела, 22 декември 2024

Зоран Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Зоран Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Скопје, 8 март 2023 (МИА) - Претседателот на Собранието, Талат Џафери на почетокот на 107. седница информира дека Зоран Димитровски поднел оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа.

Џафери потенцира дека Димитровски не сакал да го користи правото да ги образложи причините за оставка и со ова му престанува функцијата.

Оставката на Димитровски следува по излегувањето на неговата партија Демократски сојуз од владината коалиција. фф/ац/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан