ЗОИ 2026: Златен медал за Американката Лиу во уметничко лизгање
- Американската претставничка во уметничко лизгање Алиса Лиу го освои златниот медал откако имаше најдобар настап во слободната програма, а беше третопласирана по задолжителниот дел
Милано, 19.февруари 2026 (МИА) – Американската претставничка во уметничко лизгање Алиса Лиу го освои златниот медал откако имаше најдобар настап во слободната програма, а беше третопласирана по задолжителниот дел. Таа освои 226.79 поени.
Место на подиумот успеаја да изборат две натпреварувачки од Јапонија. Среброто и припадна на Каори Сакамото, додека Ами Накаи која беше водечка по задолжителниот дел ја освои бронзата.
Со освоениот златен медал втор за Лиу на Игрите, американскиот тим се проби на второто место во генералниот пласман по бројот на медали – 27, еден повеќе од домаќинот Италија со 26, додека лидер е Норвешка со 34. мн/
Фото: ЕПА