Златан е болен, но Малдини Џуниор ќе биде во групата Верона
- Златан и Кјаер се болни од грип, додека Бошњакот има проблеми со мускулите.
Милано, 2 февруари 2020 (МИА) - Милан ќе биде без својата sвезда и предводник на тимот - Златан Ибрахимовиќ во мечот дома против Верона од 15 часот денес. Швеѓанецот заедно со Раде Круниќ и Симон Кјаер останаа надвор од групата за средбата.
Златан и Кјаер се болни од грип, додека Бошњакот има проблеми со мускулите.
Групата ги вклучува левиот бек Диего Лаксалт и десното крило Алексис Салемекерс, кои му се приклучија на тимот на 31 јануари.
Во составот се наоѓаат и Марко Брешианини, како и Даниеле Малдини, син на директорот и клупската легенда - Паоло Малдини.