• недела, 07 јули 2024

Зиадин Села на средба со новоименуваниот чешки амбасадор Јарослав Лудва

Зиадин Села на средба со новоименуваниот чешки амбасадор Јарослав Лудва
Скопје, 17 март 2022 Денеска бев почестен со првата посета на новоименуваниот амбасадор на Република Чешка во нашата земја, неговата екселенција Јарослав Лудва, во седиштето на Алијанса за Албанците во Скопје. Разговаравме за актуелните случувања во земјата, регионот и светот.  Руската инвазија на Украина останува главна грижа за нас и за целиот цивилизиран западен свет.  На амбасадорот Лудва му го искажав ставот на Алијансата за Албанците против Отворен Балкан, кој го гледаме како проект за приближување на Русија во Балканот и како исклучување за половина од земјите на полуостровот. На оваа пријателска средба и од заеднички интерес, го информирав амбасадорот за случувањата во државата, за стагнацијата на реформите, за високиот степен на корупција во нашата земја и за други проблеми кои пред се ги засегаат граѓаните, но и за напредокот на земјата во процесот на интеграција. АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ  ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан