• понеделник, 23 декември 2024

ЗЕЛС го осудува вооружениот напад кон градоначалникот на Општина Арачиново

ЗЕЛС го осудува вооружениот напад кон градоначалникот на Општина Арачиново

Скопје, 2 април 2024 (МИА) - Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија –ЗЕЛС го осудува вооружениот напад кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, што се случи вчера на подрачјето на оваа општина.

Од ЗЕЛС преку соопштение наведуваат дека сите градоначалници упатуваат жалење и до семејствата на вработените во општината кои во моментот на грозниот чин биле во придружба на градоначалникот и им посакуваат брзо закрепнување.

-Ова не е прв пат во нашата земја да се посегне по животот на градоначалник, токму при извршувањето на неговите работни обврски. Затоа бараме надлежните институции да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на случајот со цел ова никогаш повеќе да не се повтори. Уште еднаш, остро ја осудуваме оваа насилна практика на изразување на незадоволство од работата на градоначалникот и бараме да ни се дозволи своите надлежности да ги спроведуваме низ институционални постапки и процеси, велат од ЗЕЛС.

Посочуваат дека ЗЕЛС останува и понатаму доследен на заложбите за продлабочување на процесот на децентрализацијата во нашата земја и спроведување на нови надлежности од страна на единиците на локалната самоуправа што ќе се извршуваат низ законски утврдени процеси и на транспарентен начин, со поддршка и во интерес на граѓаните.

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против жител на Виница, за сторено продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска

Дежурен јавен обвинител од  Основното јавно обвинителство Скопје  вчера извршил увид на лице место и издал наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења, информираат од ОЈО Скопје во врска со пукањето кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, во кое се повредени две лица кои биле заедно со гроначалникот.

Од Обвинителството посочија дека ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија.фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан