Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба
- Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска одговори на поканата на рускиот колега Владимир Путин мировните разговори да се одржат во Москва
Париз, 4 септември 2025 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска одговори на поканата на рускиот колега Владимир Путин мировните разговори да се одржат во Москва.
- Нашите американски партнери ми кажаа дека Путин ме поканил во Москва и верувам дека со тоа тој всушност сака да избегне средба, истакна Зеленски на прес-конференција по Самитот на Коалицијата на подготвените во Париз.
Тој додаде дека е добро што Русија почнала да зборува за средба.
Русија почна да зборува за средба, што не е лошо. Но, засега не ја гледаме нејзината желба за завршување на војната, наведе Зеленски.
Путин вчера во Пекинг е подготвен да се сретне со Зеленски, но под услов средбата да се одржи во Москва.
- Нека Зеленски дојде во Москва и ќе има средба. Ако состанокот биде добро подготвен, јас сум подготвен за него, посочи Путин. ми/
фото: ЕПА