• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски побара од холандскиот парламент да ја прекине целата трговија со Русија

Зеленски побара од холандскиот парламент да ја прекине целата трговија со Русија
Киев, 31 март 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во своето видео обраќање пред холандскиот парламент денеска побара оружје, помош за обновување и прекин на трговијата со Русија како одговор на инвазијата на неговата земја.
„Потребни се посилни санкции за Русија да нема можност да ја продолжи оваа војна понатаму во Европа“, им рече Зеленски на пратениците преку видео врска.
„Запрете ја секоја трговија со Русија“, додаде тој. Зеленски, првиот странски лидер кој се обрати на пленарна седница на Претставничкиот дом на холандскиот парламент, рече дека Холандија мора „да биде подготвена да го запре увозот на енергија од Русија за да не плати милијарди за војната“.аа/

Остани поврзан