• среда, 20 ноември 2024

Зеленски ги предупреди граѓаните кои се враќаат во Херсон на мини

Зеленски ги предупреди граѓаните кои се враќаат во Херсон на мини
Киев, 17 ноември 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде предупредување до лицата кои се враќаат назад во ослободениот Херсон и други ослободени региони, да не влегуваат во подрачјата пред да бидат проверени од деминери. - Уште еднаш ќе повторам за сите на деокупирано подрачје: Бидете многу внимателни! Русија сака да убива и откако побегна од нашата земја. Затоа мора да бидете многу внимателни, нагласи Зеленски. Тој ги повика граѓаните да пријават сè што ќе им биде сомнително. - Доколку зградата сè уште не е прегледана од деминери, немојте да влегувате во неа. Доколку патот сè уште не е проверен, ве молиме да го заобиколите, додаде претседателот на Украина. бд/јт/

Остани поврзан