• недела, 17 ноември 2024

Зеленски бара мировна мисија на ОН во Украина

Зеленски бара мировна мисија на ОН во Украина
Киев, 25 февруари 2022 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски бара поддршка од ЕУ за мировната мисија на ОН во неговата земја додека Унијата одржува итен самит во Брисел. Зеленски ова го напиша во порака на својот профил на мрежата Телеграм. Тој повтори и други повици како што се исклучување на Русија од платежната мрежа SWIFT и ембарго против руската нафта и гас. - Помогнете ѝ на армијата со оружје и муниција, поддржете мировна мисија на ОН!, напиша тој. - Нашиот народ гине за слободата на Украина и Европа. Долго чекавме на отворената врата. Прашавме за членство во НАТО – не слушнав одговор. Сега ни требаат меѓународни правни гаранции за безбедност, јасна европска перспектива и брза и конкретна акција, напиша Зеленски. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан