• петок, 22 ноември 2024

Зелените со амбиција да станат дел од мнозинство во Европскиот парламент  

Зелените со амбиција да станат дел од мнозинство во Европскиот парламент  

Брисел, 23 јуни 2024 (МИА) – Групата Зелени-Европска слобода алијанса (Зелени/ЕФА) во Европскиот парламент отворено пројави амбиции да стане дел од парламентарното мнозинство кое се очекува да продолжат да го сочинуваат Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната „Да ја обновиме Европа“. 

За остварување на оваа амбиција Зелените се обидуваат да го искористат нивниот нов европратеник и актуелен еврокомесар за животната средина, океани и рибарство Виргинијус Синкевичиус како „мост“ за поврзување со ЕПП. 

Синкевичиус на изборите одржани овој месец беше избран за европратеник како кандидат на Сојузот на демократите „За Литванија“ (ДСВЛ) на поранешниот литвански премиер Саулиус Сквернелис, партија формирана во 2022 година со отцепување од Сојузот на литванските фармери и зелени (ЛВЖС). ЛВЖС досега беше дел од групата Зелени/ЕФА, но реши да премине во редовите на Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР), па неговото место сега го зазема ДСВЛ.  

Така Синкевичиус, кој кога стана еврокомесар во 2019 година со 28 години беше најмладиот носител на оваа функција во историјата на ЕК, сега ќе се обиде своите врски со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен да ги искористи за пристапување на Зелените кон парламентарното мнозинство предводено до нејзината ЕПП.   

Европската Комисија (ЕК) и Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) го лансираат проектот “БлуИнвест Фонд“, капитален фонд за поддршка на сината економија, односно проекти поврзани за заштита на мо

Синкевичиус имаше една од клучните улоги во усвојувањето на некои од контроверзните регулативи од Зелениот договор, како онаа за намалување на отпадот од амбалажа и ревизијата на правилата за емисии на штетни гасови во индустријата. И покрај критиките кон Фон дер Лајен од страна на Зелените поради нејзината одлука да отстапи од некои еколошки барањa во Земјоделската политика под притисок на протестите на земјоделците, Синкевичиус искажува пофални зборови за неа и поддршката што ја добивал од неа како еврокомесар. Во интервју за „Еуроактив“ тој дури изјави дека поддршката на Фон дер Лајен му овозможиla да „придвижи напред“ некои од амбициозните планови за животната средина. 

ЕПП досега ја отфрлаше идејата за прием на Зелените во парламентарното мнозинство, но Синкевичиус се надева дека партијата ќе го промени својот став и дека ќе им дозволи на Зелените да станат дел од парламентарното мнозинство „како рамноправни партнери“. 

- Зелените можат да играат важна улога во градењето силна коалиција и Комисијата да има комфорен број гласови за амбициозна агенда, изјави Синкевичиус, нагласувајќи дека Зелените се подготвени за „премостување на разликите“. 

Тој во својство на еврокомесар често се наоѓаше на расчекор меѓу еколошките и земјоделските интереси, како што беше случај со Законот за обнова на природата, правилата против уништување на шумите, регулативите за емисии на штетни гасови или Законот за почвите, кои имаа негативно влијание врз земјоделскиот сектор. 

Подобрувањата во квалитетот на воздухот во текот на изминатиот месец, како резултат на прекини во деловниот и социјалниот живот преку ригорозни епидемиолошки мерки поради пандемијата на корон

- Мислам дека мојата работа во Комисијата, докажа дека со вложување дополнителен напор можам да ги премостам разликите дури и кога позициите се екстремно оддалечени една од друга, вели Синкевичиус. 

Тој, посочува и дека Зелените се подготвени дел од својот фокус кон животната средина да го насочат и кон економијата и иновациите, кои се очекува да бидат едни од главните приоритети на ЕУ во новиот мандат на европските институции. 

Синкевичиус, исто така, го поддржа и ставот на ЕПП за Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) и нејзините еколошки правила, кои доведоа до разгорување на протестите на земјоделците ширум Европа во текот на минатата година. 

- Тие правилата беа предложени од претходната Комисија, пред усвојувањето на Зелениот договор, но беа финализирани во рамките на овој мандат. Значи, тие имаат многу малку врска со еколошката политика, изјави Синкевичиус во интервјуто.  

Предлогот за санкции врз руската нафта е предлог на институцијата на Фон дер Лајен. Ова е шест предлог санкции против Русија откако почна војната во Украина. До сега сите други пет пакети беа

Сличен став изнесе и Фон дер Лајен при промовирањето на измените на некои еколошки правила на ЗЗП, во обидот да го смири незадоволството на земјоделците. 

Синкевичиус ги поддржаа и апелите на ЕПП и либералите ЕУ во новиот мандат да се фокусира на имплементација на Зелениот договор, наместо на негово проширување. - Имавме совршена патека и сега е навистина време за имплементација, рече Синкевичиус, повторувајќи едно од мотата на Фон дер Лајен од кампањата. 

Шанса за пристапување кон мнозинството Зелените гледаат и во осипувањето на либералите, кои по загубата на 20 места на изборите, во петокот остана без уште шест европратеници откако нивната група ја напушти партијата Акција на незадоволните граѓани (АНО)  на поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш. 

Доколку гласовите на ЕПП, социјалдемократите и либералите не бидат доволни за реизбор на Фоn дер Лајен, партијата би можела да побара поддршка од европратениците на Зелените. Барањето поддршка од Зелените би претставувало „помало зло“ за ЕПП, бидејќи евентуалното обраќање за помош кон дел од партиите од редовите на десничарската ЕЦР би претставувало ризик некои од социјалдемократските и либералните европратеници во таков случај да одбијат да гласаат за реизбор на Фон дер Лајен. сп/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан