• сабота, 23 ноември 2024

Здружението на пензионери од Кочани со зголемен интерес кај своите членови за обезбедување огревно дрво

Здружението на пензионери од Кочани со зголемен интерес кај своите членови за обезбедување огревно дрво

Кочани, 27 февруари 2024 (МИА) – Членовите на Здружението на пензионери од Кочани покажале голем интерес за обезбедување огревно дрво за наредната грејна сезона, за што до крајот на месецот тече пријавувањето и склучувањето на договорите, соопштија денеска од Здружението.

Секој пензионер може да набави до шест кубни метри огревно буково дрво по цена од 4.500 денари за кубен метар, а поволност што ја нуди Здружението е отплатата да биде на осум рати. Притоа, обврска е целосно да бидат подмирени долговите за дрва за претходната година.

-Заеднички договор е огревното дрво да се плаќа на седум рати од по 3.500 денари, а осмата рата ќе изнесува 2.500 денари. Рокот за отплата ќе почне од идниот месец, а договорот за обезбедување дрва го потпишавме со фирмата „Макс транс“ од Пехчево. Повеќе од 13 години склучуваме договор со нив затоа што имаме позитивно искуство, со оглед што се придржуваат кон договорените услови. Дрвата ќе се транспортираат навремено, но тоа сепак ќе зависи од временските услови. На нашите членови ќе им се носат до локацијата што сами ја определиле во пријавата, според претходно направен редослед. Тоа значи дека оние кои минатата година последни добиле дрва, годинава први ќе бидат снабдени, истакна Јелица Зафирова, претседателка на Здружението на пензионери – Кочани.

Од средината на февруари досега во Здружението се поднесени околу 650 пријави за огревно дрво, а заинтересираните треба да достават чек од пензија, копија од лична карта, како и телефонски број за контакт. та/цр

фото: МИА

Остани поврзан