• сабота, 23 ноември 2024

Здружението на граѓани Обнова Глобал Струмица повикува за донации за санирање на последиците од пожарот

Здружението на граѓани Обнова Глобал Струмица повикува за донации за санирање на последиците од пожарот
Скопје, 19 јануари 2021 (МИА) - Здружението на граѓани Обнова Глобал Струмица, ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и органи и единици на локалната самоуправа, согласно своите финансиски и материјални можности да донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ ГЛОБАЛ Струмица што беше опожарен на 2 јануари годинава. Како што се наведува во соопштението на здружението, Паричните средства што ќе бидат донирани да се уплатат на следната жиро сметка - 270074779880184 депонент на ХАЛК Банка АД Скопје. -Паричните средства ќе бидат наменети за санирање на последиците и за што поскоро пуштање во употреба на ГТЦ Глобал Струмица, а со самото тоа и овозможување на повторна егзистенција на стотици граѓани од Струмица и од другите соседни општини, стои во соопштението на здружението на граѓани. нд/дма/

Остани поврзан