• недела, 22 декември 2024

Здружението „За наше Куманово“ ќе го прошири делувањето, Димитриевски негира дека разговарал со Црвенковски

Здружението „За наше Куманово“ ќе го прошири делувањето, Димитриевски негира дека разговарал со Црвенковски
Куманово, 12 август 2022 (МИА) - Кумановскиот градоначалник и еден од основачите на здружението „За наше Куманово“ Максим Димитриевски вечерва ги демантираше пишувањата дека граѓанската иницијатива има поврзаност со поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски. Во дописот до медиумите Димитриевски наведува дека иницијативата ќе се прошири на ниво на државата.
  - Што се однесува за вклучувањето на поранешниот претседател на Република Македонија, г-дин Бранко Црвенковски, кого особено го почитувам, до овој момент со него на оваа тема и за оваа иницијатива немам разговарано, пишува Димитриевски. Тој потсетува на победата на иницијативата „За наше Куманово“ на локалните избори и најави дека оваа здружение е регистрирано со органи и тела на локално ниво и, како што пишува, исклучиво е насочено кон реализација на ветените проекти кои се од витален интерес за граѓаните на општина Куманово. - Јас досега неколку пати кажав дека постои иницијатива од повеќе општини во Македонија ова локално здружение да прерасне во републичко, со крајна цел да учествува на следните парламентарни избори како реално граѓанско политичко движење од граѓаните за граѓаните, вели Димитриевски. Додава  дека се конслутираат истакнати личности од општествениот живот, експерти, интелектуалци, стопанственици, лекари, уметници, студенти, пензионери, земјоделци, работници, општественици и други кои, како што нагласува, сакаат да дадат свој придонес во формирањето на граѓанското движење. - Кога ќе се формира, кое ќе биде името на здружението и дали ќе прерасне во нов политички субјект засега не би коментирал, шпекулирал или прогнозирал. Кога ќе се донесе одлуката јавноста ќе биде навреме информирана, пишува Димитриевски. ам/хс/

Остани поврзан