• петок, 22 ноември 2024

Здравствените протоколи за одбележување на 20-годишнината од Охридскиот договор ќе ги спроведува ЦЈЗ

Здравствените протоколи за одбележување на 20-годишнината од Охридскиот договор ќе ги спроведува ЦЈЗ
Скопје, 12 август 2021 (МИА) - Центарот за јавно здравство (ЦЈЗ) ќе ги спроведува  здравствените протоколи за утрешниото одбележување на 20-годишнинаната од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за полтички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, додавајќи дека за ова прашање го контрактирал и министерот за здравство Венко Филипче. - Испратено е барање до Министерството за здравство и тоа пред три недели најмалку. Сум контактирал и со министерот за здравство по однос на сите протоколи тука. Вчера контактирав и со директорот на Центарот за јавно здравство докторот, Шабан Мемети, кој што секако ќе ги донесе и сите потребни луѓе коишто ќе ги спроведат протоколите предвидени за утрешниот настан, изјави Груби, пред проекцијата на документарниот филм „Охрид и потоа“ во организација на Центарот за европски истражувања и анализи „Еуропроспера“ и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Груби нагласи дека документарниот филм е снимен во 2002 година и во него сите протагонисти на Охридскиот рамковен договор, вклучително и Џорџ Роберсон, Хавиер Солана, Бранко Црвенковски, Али Ахмети, Љубчо Георгиевски и сите други коишто учествувале во преговорите, ги искажуваат своите искуства околу преговорите и го коментираат документот. фф/оџ/

Остани поврзан