• среда, 25 декември 2024

Зголемен интересот за вакцинација во руралните средини во кичевско

Зголемен интересот за вакцинација во руралните средини во кичевско
Кичево, 26 август 2021 (МИА) - Во руралните средини во општина Кичево се поголем е интересот за вакцинација. Од вакцинираните 1019 жители во руралните средини на 3 август, нивниот број денеска се искачи на 1700. Како што информираат од Здравствениот дом во Кичево секојдневно во селата се вакцинираат по стотина жители што е далеку над бројката од почетокот на теренската вакцинација која започна на 12 јули. -Поради се поголемиот број новозаболени и починати жители на Општина Кичево, кај жителите од руралните средини драстично порасна интересот за вакцинација. Со планираната динамика од 12 јули до 3 август завршивме со теренската вакцинација, при што вакциниравме 1019 жители од кичевските села, а во последната недела интересот толку се зголеми што од понеделникот до денес имаме речиси 700 нововакцинирани граѓани со прва доза, изјави Мира Мојсоска, одговорна сестра во Здравствениот дом во Кичево. Во последните три седмици во Здравствениот дом, како што посочи, се вакцинираат од 200 до 300 жители дневно. -Интересот на жителите на Кичево да се вакцинираат против Ковид-19 и натаму е голем и е на нивото од пред 2-3 недели. Нашите сограѓани во најголем број до вчера ја примија вакцината на„ Фајзер“ вкупно 222 граѓани, додека 99 жители ја примија првата доза на „Синовак“, а 46 пациенти  се ревакцинираа. Слични се бројките и од вчера кога во Здравтсвениот дом прва доза на„ Фајзер“ примија 168 граѓани, а 24 се ревакцинираа. Со„ Синовак “имавме 59 вакцинирани со прва доза и 68 со ревацина. Најмалку е застапена вакцината на„ Астра Зенека“ бидејќи само 10 граѓани ја примија првата доза, информира Мојсоска. Жителите од руралните средини, кои изминатата недела ја примиле првата вакцина, за три седмици ќе се ревакцинираат во Здравтсвениот дом во Кичево. за/бак/    

Остани поврзан