• вторник, 26 ноември 2024

За првпат во Северна Ирска повеќе католици од протестанти

За првпат во Северна Ирска повеќе католици од протестанти
Белфаст, 22 септември 2022 (МИА) - За првпат Северна Ирска има повеќе католици од протестанти, покажаа денешните резултати од пописот на населението. Дел медиуми пишуваат дека станува збор за историски потег за кој некои веруваат дека ќе помогне да се зголеми поддршката за покраината да се одвои од Велика Британија и да се приклучи на обединета Ирска. Според податоците од пописот на населението, спроведен во 2021 година, 45,7 отсто од испитаниците се изјасниле дека се, или биле воспитани, како католици, во споредба со 43,5 проценти кои се изјаснуваат како протестанти. Претходниот попис пред десет години, покажа дека протестантите, откако за првпат паднаа под 50 отсто, сепак беа мнозинство во однос на католиците со сооднос од 48 спрема 45 проценти. Промената е еден век откако покраината Северна Ирска беше основана со цел да се одржи пробританското, протестантско мнозинство како противтежа на новата независна, претежно католичка Република Ирска на поголемиот дел од островот. бд/

Остани поврзан