• недела, 17 ноември 2024

За осум отсто зголемено насилството против германските полицајци во 2023 година

За осум отсто зголемено насилството против германските полицајци во 2023 година

Визбаден, 14 октомври 2024 (МИА) - Германија забележа значителен пораст на насилството врз полицајци во 2023 година, се наведува во денеска објавен извештај на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција (БКА), која посочува дека најновите годишни бројки покажуваат раст од осум отсто на физичките напади.

Агенцијата за криминалистички истраги со седиште во Визбаден истакнува дека биле регистрирани 46.200 случаи на насилство, при што биле погодени повеќе од 105.000 полицајци.

„Од 2017 година, бројот на случаи во оваа област континуирано расте“, се наведува во извештајот.

Случаите на опасни и сериозни телесни повреди се намалени за 13 отсто на 1.260.

Полицајците не беа единствените служби за итни случаи кои беа нападнати. Пожарникарите и екипите на брзата помош беа вклучени во повеќе од 2.500 инциденти на насилство, се вели во извештајот. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан