За обновување на летовите на „Емирејтс ерлајнс“ потребни четири години
- Претседателот на „Емирејтс ерлајнс“, Тим Кларк, изјави денеска дека на авиокомпанијата ќе ѝ бидат потребни четири години за да ја обнови мрежата на летови, која е речиси уништена поради панде
Дубаи, 1 јуни 2020 (МИА) - Претседателот на „Емирејтс ерлајнс“, Тим Кларк, изјави денеска дека на авиокомпанијата ќе ѝ бидат потребни четири години за да ја обнови мрежата на летови, која е речиси уништена поради пандемијата на новиот коронавирус.
- Веројатно во текот на 2022/2023 и 2023/2024 година ќе знаеме дали работите во извесна мера се вратени во нормала и тогаш ќе биде познато дали „Емирејтс“ успешно работи со мрежа на летови како претходно, истакна Кларк.
Авиокомпанијата со седиште во Дубаи, сообраќаше на 157 дестинации во 83 земји пред да ги приземји своите авиони во март, нудејќи оттогаш ограничени услуги. гт/