• понеделник, 23 декември 2024

За една недела санкционирани 172 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

За една недела санкционирани 172 непрописно паркирани возила на територијата  на Општина Центар

Скопје, 11 септември 2023 ( МИА) -  ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 172 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 4 до 10 септември, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 86 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 86 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштуваат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните секојдневно да водат  грижа и да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. љм/ац/

Фото: ЈП Паркинзи - Скопје

Остани поврзан