• сабота, 18 мај 2024

За еден ден приближно илјада мигранти преку Ламанш пристигнале во Велика Британија

За еден ден приближно илјада мигранти преку Ламанш пристигнале во Велика Британија
Лондон, 4 септември 2022 (МИА) - Вкупно 960 мигранти во 20 чамци во еден ден го преминале Ламанш и пристигнале на територијата на Велика Британија, соопшти британското Министерство за одбрана. Повеќе од 26.000 мигранти годинава го поминале Ламанш, додека во 2021 година нивниот број изнесуваше 28.526 лица. Во петокот 221 лице во пет мали чамци преминале во Британија, соопшти Министерството за одбрана. Во август беше забележан најголем месечен број мигранти кои го преминале Ламанш односно, 8.644 луѓе со 189 чамци пристигнале на брегот на Велика Британија. ми/

Остани поврзан