• недела, 22 декември 2024

Зајкова: Ако целите од Пржино се постигнати, не треба да имаме техничка влада

Зајкова: Ако целите од Пржино се постигнати, не треба да имаме техничка влада

Скопје, 8 февруари 2024 

Ние како пратеници дадовме зелено светло за функционирање на техничката влада, со цел да не ги блокираме состојбите во државата и да не се остави дамка на изборниот процес, рече пратеничката и лидерка на Либерално демократската партија Моника Зајкова.

-Сите партии треба да бидат многу внимателни во своите постапувања и каква слика се остава за државата и колку тоа ќе влијае на патот, по кој оди државата. Сите овие вакви несогласувања влијаат на нашата интеграција, додава претседателката на ЛДП, коментирајќи ги случувањата во партијата Алијанса на Албанците.

Зајкова потсети дека ЛДП како партија не учествувала во Пржински договор за формирање на техничка влада, а кога беше за првпат воведена состојбата во државата, не беше добра од многу аспекти, загушена слобода на медиуми, како и предмети за кои сеуште течат постапки.

-Ние дававме идеи да се отстрани таа техничка влада, ако целите од Пржино се постигнати таа го забавува функционирањето на државата. Декларативно сите се за укинување на техничката влада, исто како што се за една изборна единица, но не прават ништо во врска со тоа, а на еден месец пред избори и не може да се направи. Тоа е чист популизам, вели Зајкова.

Според неа, ваквите превирања не влијаат на владејачкото мнозинство, но како ЛДП ќе постапи доколку дојдат предлози за измени на техничката влада, партијата ќе одлучува преку Извршниот одбор.

Зајкова додава дека процесот за пристапување кон ЕУ бара консензус за носење на големи законски реформи. Европско знаменце се ставало и како начин да се спречи блокирање на закони значајни за државата и апелира да се изгради подобра дебата во Собранието и да се работи во интерес на граѓаните а не на политичките партии.

Зајкова жали што се блокираат одредени закони кои се добри. Таа е зачудена зошто големите партии не се усогласат за Законот за АВМУ и зошто не се најде заедничко решение за спорните делови.

Претседателката на ЛДП најави дека партијата ќе поднесе предлог-измени на Законот за игри на среќа, исклучиво во насока на одговорното обложување.

ЛДП

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ЛДП

Остани поврзан