• недела, 22 декември 2024

Зајакната е заштитата на нуклеарната централа Курск, соопшти руската национална гарда

Зајакната е заштитата на нуклеарната централа Курск, соопшти руската национална гарда

Москва, 7 август 2024 (МИА) - Руската национална гарда соопшти дека е зајакната заштитата на нуклеарната централа Курск, јави ДПА. Мерката е преземена поради влегувањето и напредувањето на украинските сили во руската погранична област.

Дополнителни сили се распоредени во областа за да се спречат акти на саботажа. Разузнавачките единици беа испратени и во регионот на Курск и во Белгород, додаде гардата.

Нуклеарната централа Курск има четири реактори. Се наоѓа на околу 60 километри од границата со Украина.

Украинската војска, поддржана од тенкови и артилерија, вчера ја премина руската граница на руска територија од украинскиот регион Суми, јави ДПА.

Според непотврдени информации, тие напреднале околу 15 километри во правец на нуклеарната централа. мс/

фото: Википедија

Остани поврзан