• петок, 05 декември 2025

Заштитата на културното наследство е клучна за градење демократска отпорност, порачаа министрите за култура на ЕУ

Заштитата на културното наследство е клучна за градење демократска отпорност, порачаа министрите за култура на ЕУ

Брисел, 28 ноември 2025 (МИА) – Во време на зголемена геополитичка несигурност, културата и културното наследство се од суштинско значење за заштитата на демократијата и почитувањето на европските вредности, порачаа министрите за култура на земјите членки на ЕУ.

- Заштитата и промоција на културното наследство на Европа и на културата во сите нејзини форми се клучни фактори во градењето и одржувањето на демократската отпорност, посочија министрите за култура во заклучоците од нивната денешна средба во Брисел.

Според нив, културата, културното наследство и аудиовизуелните дела играат витална, но честопати потценета, улога во одржувањето на демократските општества.

- Со ниво отворање за сите луѓе, тие го поттикнуваат граѓанскиот ангажман и всадуваат чувство на заедништво, припадност и споделена историја и вредности, сметаат министрите за култура.

Тие ги повикуваат земјите од ЕУ да придонесат за заштитата на европските вредности, преку промовирање на културата и културното наследство, вклучително и преку заштита на уметничката слобода и олеснување на пристапот до културни активности, а особено до повеќејазични содржини.

Министрите ја нагласува важноста од интегрирањето на културните институции, како што се библиотеките, музеите и архивите, во плановите за реакција во случај за кризи и повикуваат ЕУ да продолжи со напорите за заштита и промоција на културните права и разновидност во соработка со нејзините меѓународните партнери, како што се Советот на Европа и УНЕСКО.

Според данскиот министер за култура Јакоб Енгел-Шмит, со овие заклучоци се испраќа јасна порака дека заштитата на културата и културното наследство е од суштинско значење за заштитата на самата демократија,

- Демократијата не опстојува само врз основа на политички структури. Таа се негува и во нашите библиотеки, музеи, кина, архиви и театри, простори каде што луѓето учат да размислуваат критички и да развиваат емпатија и чувство на припадност, додаде Енгел-Шмит.

Заклучоците на министрите следуваат по Декларацијата за значењето на културата и медиумите во заштитата за европските демократии, што беше потпишана на 4 ноември од страна на 26 земји членки на ЕУ, Велика Британија, Исланд, Норвешка, Украина и Швајцарија.

Идејата за промоција на културната разновидност и наследството како начин за „одржување на европските вредности во слободна и демократска Европа“ е наведена и во Стратешката агенда на Европскиот совет за периодот 2024-2029 година. сп/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан