Зачувување на сите работници и нови пристојни работни места се наши цели, порача Заев
- Намалување на јазот во платите, поголема еднаквост, зачувување на сите работници и работнички во време на КОВИД-19 кризата и отворање нови пристојни работни места со домашни и странски инвест
Скопје, 7 октомври 2020 (МИА) - Намалување на јазот во платите, поголема еднаквост, зачувување на сите работници и работнички во време на КОВИД-19 кризата и отворање нови пристојни работни места со домашни и странски инвестиции, се цели на Владата во наредниот период.
-Нека ни е честит Светскиот ден за пристојна работа! Чекориме кон „Новиот социјален договор за закрепнување и издржливост“ заедно со нашите социјални партнери, синдикатите и работодавачите, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил по повод 7 Октомври Светскиот ден за пристојна работа. сст/скс/