• петок, 22 ноември 2024

Захарова нападот во концертната сала Крокус Сити Хол го нарече терористички

Захарова нападот во концертната сала Крокус Сити Хол го нарече терористички

Москва, 22 март 2024 (МИА) – Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, нападот во концертната сала „Крокус Сити Хол“ го нарече терористички напад.

- Руското Министерство за надворешни работи добива повици од целиот свет од обични граѓани кои изразуваат сочувство во врска со страшната трагедија во Крокус Сити Хол и зборови за остра осуда на овој крвав терористички напад што се случува пред очите на целото човештво, напиша Захарова на Телеграм.

Најмалку 40 лица се убиени и 100 се повредени кога неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва. Нападот се случи во Крокус Сити Хол во Красногорск, административниот центар на московската област, за време на концерт. јт/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан