• понеделник, 23 декември 2024

Започнува со градба фекалниот колектор и канализација за Урбан блок 21 во Гостивар 

Започнува со градба фекалниот колектор и канализација за Урбан блок 21 во Гостивар 
Скопје, 19 август 2021 (МИА) - Претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) се сретнаа со претставниците на изведувачот и надзорот за проектот Изградба на фекален колектор, фекална канализација и атмосферска канализација за Урбан блок 21 во Гостивар. По средбата ја посетија локацијата од каде што ќе се започне со градежните работи. Како што соопшти МЖСПП, вкупна должина на фекалниот колектор изнесува околу 4,7 километри, додека вкупната должина на канализациската мрежа за Урбан блок 21 изнесува околу 2,8 километри и треба да опслужи 2720 жители на Урбан блок 21 во градот Гостивар. Со проектот е предвидена и изградба на атмосферска канализација со должина од 2,4 километри. Вкупната вредност на проектот согласно склучениот договор е околу 130 милиони денари, обезбедени од Буџетот на Министерството. мс/са/

Остани поврзан