• среда, 26 јуни 2024

Започнува првата фаза на авионската дезинсекција во Скопје

Започнува првата фаза на авионската дезинсекција во Скопје
Скопје, 3 април 2021 (МИА) - Првата фаза на авионската дезинсекција на подрачјето на град Скопје, против ларви од комарци ќе се реализира денеска, во раните утрински часови. Од Секторот за Комунални работи на Град Скопје информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Апелираат до пчерларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. ки/

Остани поврзан