• сабота, 23 ноември 2024

Започна одбележувањето на Европската недела на мобилност во повеќе општини

Започна одбележувањето на Европската недела на мобилност во повеќе општини
Скопје, 16 септември 2022  (МИА) - Под мотото „Комбинирај и движи се“, денеска во повеќе општини започна одбележувањето на Европската недела на мобилност, а ќе трае до 22 септември. Овогодишната тема е „Подобри конекции“, информира Министерството за животна средина и просторно планирање.

Целта, како што велат од Министерството е да се упати силна порака дека треба да се поттикне синергијата помеѓу луѓето и локациите, и да се искористи нивната експертиза, креативност и посветеност при подигање на свеста за одржлива мобилност и  при промоција на промени во однесувањето во корист на активна мобилност.

-Годинашната тема ја одразува потребата на жителите од Европа повторно да се поврзат едни со други, по неколкумесечна изолација, рестрикции и ограничувања, како резултат на светската КОВИД-19 пандемија, се вели во соопштението. 

Како национален координатор, Министерството, информира дека покрај градовите, од кои секој поодделно се носители и организатори на активностите во своите урбани средини, ги поканува и сите граѓани, невладини организации, општествено одговорни компании и целиот цивилен сектор во државата, да се приклучат во европската кампања.

-Воедно, МЖСПП ги повикува сите чинители на општествениот живот во текот на овие седум дена да ги споделат своите најдобри практики за урбана мобилност и да преземаат чекори и мерки ќе овозможат јаглеродно неутрална средина (односно јаглеродно неутрален континент) што е и долгорочната цел на Европската недела на мобилност, и да се приклучат во одбележувањето на 22 Септември - Денот без автомобили, со затварање на главните улици за сообраќај и организирање на велосипедско дефиле, информираат од Министерството.

До денеска, како што соопштија, за учество во одбележување на Европската недела на мобилност 2022 во Северна Македонија, се вклучија градовите Велес, Струмица, Прилеп и општина Карбинци, а останатите градови се уште имаат можат да се пријават на следниот линк.

Оваа година на стартот на неделата се пријавени 2.320 градови од 45 држави од Европа и светот. ки/са/

Остани поврзан