• четврток, 19 декември 2024

Запленети 3,5 тони хашиш во Португалија

Запленети 3,5 тони хашиш во Португалија
Лисабон, 10 јануари 2020 (МИА) - Во Португалија се запленети 3,5 тони хашиш, што е второ одземено поголемо количество дрога, откако пред три дена беа откриени 825 килограми кокаин. Хашишот, чија пазарна вредност се проценува на повеќе од осум милиони евра, е пронајден во рибарски брод во близина на атлантскиот брег. Уапсени се шест мажи, од кои петмина се португалски државјани. Како што соопшти полицијата, хашишот од Северна Африка и од Португалија требало да биде дистрибуиран во други европски земји. Во операцијата учествувале припадници на воздухопловните сили и морнарицата, а помогнале и шпанските власти. гт/

Остани поврзан