• среда, 03 јули 2024

Запленета дрога во Гази Баба, приведени двајца дилери

Запленета дрога во Гази Баба, приведени двајца дилери

Скопје 24.03.2022 (МИА) - Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, вчера приведоа двајца дилери на дрога во населба Гази Баба, соопшти Министерството за внатрешни работи.

При претреси во домовите на А.П.(35) и Р.П.(32), двајцата од Скопје, извршени со наредба од судија на претходна постапка, како што се вели во соопштението, кај А.П. биле пронајдени и одземени голема ќеса и тегла со марихуана, хашишово масло и вага, додека кај Р.П. е пронајден амфетамин и две ваги. 

-Двете лица се приведени во полициска станица, а по документирање на случајот против нив  СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје ќе поднесе кривични пријави за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, информираат од МВР.сх/са/

Остани поврзан