• петок, 22 ноември 2024

Заменик-лидерот на Хамас: Во нападот на 7 октомври не целевме цивили

Заменик-лидерот на Хамас: Во нападот на 7 октомври не целевме цивили

Газа, 4 октомври 2024 (МИА) - Највисокиот лидер на Хамас надвор од Газа изјави за Би-Би-Си дека кризата што ја предизвика неговата организација на Блискиот Исток, која доведе до илјадници смртни случаи низ целиот регион во изминатата година, е оправдана.

На прашањето на меѓународниот уредник на Би-Би-Си, Калил ал-Хаја, заменик-лидерот на Хамас, негираше дека борците на Хамас целеле цивили за време на нападот на 7 октомври минатата година.

Околу 1.200 луѓе, главно израелски цивили, беа убиени, а повеќе од 250 однесени во Газа како заложници. Велика Британија и други влади го прогласија Хамас како терористичка организација.

Ал Хаја рече дека нападите на 7 октомври минатата година „се неопходни за да се врати прашањето за палестинската државност на глобалната агенда“. Без тоа, рече тој, циклусот на насилство на Блискиот Исток нема да заврши.

-Ние сме луѓе со барања. Моравме да направиме нешто за да му кажеме на светот дека има луѓе кои се под окупација со децении, рече Ал Хаја.

На прашањето од новинарите зошто цивили, вклучително и деца, загинаа во нападот, Ал Хаја одговори: „Им наредивме на нашите борци на отпорот да не таргетираат цивили, жени и деца. Целта беа окупационите војници кои отсекогаш ја убивале и уништувале Газа. Ние не поддржуваме нанесување штета на цивилите. Имаше лични грешки и дејствија на теренот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан