• недела, 21 јули 2024

Заздравува првиот заболен од коронавирус во Египет

Заздравува првиот заболен од коронавирус во Египет
Женева, 19 февруари 2020 (МИА) - Светската здравствена организација денеска соопшти дека лицето во Египет кај кое е потврден вирусот Ковид-19 заздравува, откако новите тестови покажале дека повеќе не е носител на вирусот. Портпаролот на СЗО Инас Хамам рече рече дека тој ќе остане во карантин се додека не заврши периодот од 14 дена и до целосно излекување. Египет го пријави случајот на заразен со коронавирус минатата недела. Тоа е единствен случај на коронавирус во Африка. паг/

Остани поврзан