• четврток, 26 септември 2024

Заев со честитки за победата на македонските фудбалери

Заев со честитки за победата на македонските фудбалери
Скопје, 8 октомври 2020 (МИА) - Фудбалот е игра, адреналин и тимски дух. Головите се само бројка на истекот на 90-те минути. А, добрососедството е внимателност и почит кои треба да траат со години, децении и векови, напиша вечерва на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, честитајќи им ја победата на македонските фубалери. Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада вечерва селекцијата на Косово со 2:1 и се пласираше во финалето на плеј-офот од Лигата на нациите и ќе се бори за пласман на Европско првенство 2021 година. -Честита победа на нашите македонски фудбалери, нашата гордост, нашиот тим кој оди напред кон европски пласман! Честито и на косовскиот тим за добрата игра, напиша премиерот на Фејсбук. ац/

Остани поврзан