• понеделник, 23 декември 2024

Заев: Се анализираат можности за ново законско решение за стечајците

Заев: Се анализираат можности за ново законско решение за стечајците
Скопје, 25 февруари 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Владата и Министерството за труд и социјална политика прават анализа за евентуално ново законско решение со кое би се опфатиле малата група стечајни работници, кои не ги исполнија условите за решавање на нивното прашање согласно условите од претходните законски решенија. - Покрај тоа што македонскиот Парлемент нколкупати го промени законот за регулирање на правата на стечајците, конечен одговор е дека не застануваме тука, бидејќи една помала група наши граѓани останаа со нерешено прашање поради преодот државни во приватни претпријатија. Затоа заедно со МТСП подготвуваме дополнителни анализи за ново законско решение за да провериме дали има можности за олеснување на критериумите за да биде опфатена и таа мала бројка стечајни работници кои останаа изземени од досегашните решенија, рече Заев одговарајќи на пратеничко прашање. Тој додаде дека со досегашните решенија биле опфатени 95 проценти од стечајните работници во државата. Давајќи дополнителен одговор на пратеничко прашање, премиерот Заев зборуваше и за состојбите со откупот со грозјето. - Владата оваа година плати повеќе пари за делот на откупот на грозјето преку политиките на субвенции. Исплатени се шест денари дополнително за грозје или производи од грозје и вински дестилат и два денари по килограм дополнително за винско грозје за откуп за оваа откупна сезона. Тоа значи дека ако сме платиле 30 милиони евра откупувачите имаат платено некде околу 20 милиони. Толку е силна поддршката на Владата годинава, заради тоа што навистина ефектите на погоденоста од ковид-кризата во делот на продажба на виното, пред се и наливното, но и флаширано, имаше за репрекусии да има потреба од ваква интервенција, истакна премиерот. Тој додаде дека и тој мал број лозари кои не биле исплатени поради несоодветно пополнети податоци од винариите или од регистрираните откупувачи, се вклучени во петтиот пакет мерки. сст/сп/

Остани поврзан