• понеделник, 23 декември 2024

Заев од Ростуше: Се ориентираме кон обновливи извори на енергија и чиста животна средина, зелената агенда е во полн ек 

Заев од Ростуше: Се ориентираме кон обновливи извори на енергија и чиста животна средина, зелената агенда е во полн ек 
Скопје, 9 октомври 2021 (МИА) - Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска од општина Маврово Ростуше порача дека зелената агенда е во полн ек и останува приоритет на Владата. - Зелената агенда веќе е во полн ек. Таа носи чисти извори на енергија, нови милионски инвестиции и најважно, ја штити животната средина. Токму тука во Маврово Ростуша ќе инвестираме во поставување канализациска мрежа со пречистителна станица во Маврови Анови. Во следниот период целиот фокус го насочуваме за да ја заштитиме оваа прекрасна природа која привлекува илјадници домашни и странски туристи во текот на целата година. На Маврово Ростуша му треба континуитет на добрите политики и проекти, рече Заев. Тој посочи дека како што се развива државата, како што се развиваат општините, така ќе се насочуваат кон унапредување на енергетскиот сектор, ориентирајќи се кон обновливите извори на енергија. - Нашата држава денес не троши милиони евра на скап увоз на струја. Тие пари ги вложуваме во поддршка на граѓаните и бизнисите и ете како се обезбедува егзистенцијата на луѓето – на дело. Произведуваме струја од сонцето, од ветрот, а наскоро и од отпадот.  Поставуваме канализациски системи и пречистителни станици за да ги заштитиме водите и почвата. Токму ова се европските стандарди што со Најдоброто ги носиме во секоја општина, како и тука во Маврово Ростуше. Затоа на 17-ти да гласаме за Најдоброто, да гласаме за број 12, додаде Заев. мс/рп/

Остани поврзан