• понеделник, 23 декември 2024

Заев: Немам предрасуди какви политички рефлексии ќе има кој и да биде фатен за корупција

Заев: Немам предрасуди какви политички рефлексии ќе има кој и да биде фатен за корупција
Скопје, 7 март 2021 „Во борбата со корупцијата и криминалот важна е пораката од оној што е фатен на другите да не им текне да прават незаконски дејствија. Овие денови додека зборуваме на телефон, луѓето обично користат апликации, и јас им велам слободно зборувајте никој друг нема да се нафати да прави нешто за да лежи 12 години затвор. Пораката на санкцијата, на казната, е да не се повтори никогаш повеќе“, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев во интервју за Слободна ТВ и „Слободен Печат“. „Во кампањата „Вистината за Македонија“ објавивме 36 бомби и пораката на крајот секогаш беше никогаш да не се повтори. Расчистувањето со претходниот режим е сериозна активност на оваа Влада. Сите зборевме за стотици милиони или милијарди украдени пари. Тие пари „бушат“ системи. Не е лесно да придвижите процеси на најтранспарентен и отворен начин каде што новинарите очекуваат за секое рочиште да завршат процесите. Дали со ослободителна или осудителна завршница, процесите завршуваат. Најважниот за прислушувањето е пресуден. Вториот, делата за изборите кои што го викаат „Титаник“ е исто толку важен. И сите други“, рече премиерот Заев во интервјуто за Слободна ТВ. Тој додаде дека мора да бидат „впрегнати механизмите на реакција“ и граѓаните да пријавуваат, да го дадат својот придонес за да се добијат индиции, а институциите потоа имаат механизми како да ги процесираат сторителите. „Денеска пред правосудството имате исправено градоначалници од СДСМ, политичари од СДСМ и се борат за својата правда да докажат дека се невини. Законот мора да важи за сите. Дали се случува корупција на пониско или на високо ниво, таа еднакво е болна за општеството. Да му земеш 50 евра на сиромашен човек за нешто што му следува е катастрофа, тоа ја урнисува душата. Тоа болно и не е дозволиво за никого“, потенцираше претседателот на Владата Заев, и додаде дека правдата мора да ги опфати сите по хоризонтала во царината, во полицијата, во здравство, во образование, како и оние по вертикала, односно високата корупција. „Немам предрасуди какви политички рефлексии ќе има кој и да биде фатен во државата. Ние мораме да се разбудиме сите и да знаеме. Домашни странски инвестиции ако постои корупција нема да има. Колку повеќе ја откриваме и колку повеќе доверба се враќа во системот, толку повеќе ќе има инвестиции. Затоа така ја структуриравме Владата со потпретседател за борба против корупцијата, и тоа генералниот секретар на СДСМ, за да има моќ да се бори и да се соочи со секој“, нагласи премиерот Заев за Слободна ТВ. Влада на Република Северна Македонија ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан