• четврток, 19 декември 2024

Заев на средба со Сојузот на средношколците: Потврдено договореното решение за државната матура

Заев на средба со Сојузот на средношколците: Потврдено договореното решение за државната матура
 Скопје, 15 февруари 2021 (МИА) - Претседателот на Владата Зоран Заев попладнево ги прими претставниците на Сојузот на средношколци во насока на продолжување на разговорите и изнаоѓање решение за нивните барања за модифицирање на државната матура. На средбата, на која присуствуваа и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска, директорот на Бирото за развој на образованието Зеќирија Хасипи, Ѓорги Тасев, советник на премиерот за млади и младински политики и пратениците Моника Зајкова и Дарко Каевски било посочено дека претходно договореното решение во однос на државната матура, за полагање на два екстерни предмети останува. Преговорите, како што посочуваат од владината прес-служба, продолжуваат во работни групи во делот на изнаоѓање најсоодветен концепт, односно модел за изведување на интерните предмети. Присутните на денешната средба се согласиле и ја поздравиле одлуката низ дијалог да се изнајде најсоодветното компромисно решение, кое ќе ги доведе во рамноправна положба сите матуранти да можат да го остварат своето идно образование. мс/са/

Остани поврзан