• петок, 22 ноември 2024

Заев на Канал 5: Очекувам банките да ги намалат каматите на кредитите

Заев на Канал 5: Очекувам банките да ги намалат каматите на кредитите
Скопје, 2 април 2020
Пред владата постои можноста да донесе Уредба и да им наложи на банките, главницата и каматата да ја одложат најмалку три месеци, но граѓаните треба да знаат дека банките кредитите ги даваат од штедните влогови на други граѓани и дека за тие штедни влогови исплаќаат камати. Ако не исплаќаат камати, граѓаните ќе ги повлечат штедните влогови и ќе се сруши банкарскиот систем. Затоа им е оставено на банките да одлучуваат и секаде и во Србија, Хрватска, Црна Гора, каматите се пресметуваат додека трае одлагањето, истакна претседателот Зоран Заев во емисијата Само интервју на Канал 5.
Ние бараме таквата камата да биде намалена. Јавно кажувам дека Владата се обрати до банките со вакво барање, затоа што Народната банка ја намали задолжителната резерва која беше трошок за банките и сега банките имаат помал трошок и тој помал трошок да го распоредат и кон клиентите. Јас лично, но и Владата очекуваме банките да ги намалат каматите за тие три месеци додека се одложени кредитите. Имаат простор каматите да ги намалат за онолку колку што им е намален трошокот, заклучи Заев.
Центар за комуникации со јавноста
_________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан