• понеделник, 23 декември 2024

Заев и Филипче на средба со Сојузот на здруженијата на дијабетичари: Со новите терапии обезбеден најквалитетен третман за пациентите

Заев и Филипче на средба со Сојузот на здруженијата на дијабетичари: Со новите терапии обезбеден најквалитетен третман за пациентите
Скопје, 19 март 2021 (МИА) - Со измената на Законот за лекови и медицински средства особено со укинувањето на паралелниот увоз на лекови за дијабетес, во државата сега се набавуваат навремено оригинални инсулини со сертификат, беше потенцирано на денешната средба на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче со делегација на Сојузот на здруженијата на дијабетичари на Северна Македонија предводена од претседателот на Управниот одбор, Диме Велев.
Претставниците на Сојузот на здруженијата на дијабетичари на средбата изразиле задоволството и благодарност на над 125.000 членови на сојузот организирани во 25 здруженија за пресвртната разлика што е направена во последните четири години со обезбедувањето на најквалитетен третман за сите пациенти со дијабетес. -На средбата беше потенцирано дека со реформите на овој план и со измената на Законот за лекови и медицински средства особено со укинувањето на паралелниот увоз на лекови за дијабетес, во државата сега се набавуваат навремено оригинални инсулини со сертификат, какви што се носат во сите развиени европски земји, соопштија од Владата. Како особено значајно, истакнаа од Сојузот на здруженијата на дијабетичари, е воведувањето на иновативни терапии со новите типови на инсулин кои се инјектибилни и таблетарни, со што значајно се подобрува квалитетот на третманот на дијабетесот. Премиерот Заев и министерот Филипче ја потврдиле заложбата на Владата здравјето на граѓаните да биде на врвно место во здравствените политики, како и отворениот пристап за заедничка соработка со сите чинители. -Во таа насока Министерството за здравство активно соработуваше на изготвување на новата 10-годишна стратегија за третман на дијабетес, која во себе содржи елементи кои ја подобруваат превенцијата, раното откривање на дијабетесот, соодветниот третман на ниво на секундарна и терциерна здравствена заштита, како и ревитализацијата на сите центри за дијабетес ширум државата, се наведува во соопштението на Владата. Претседателот на Владата Зоран Заев ја прифатил поканата на Сојузот на здруженијата на дијабетичари на Северна Македонија да биде покровител на двата значајни јубилеи што ќе бидат одбележани оваа година – 20 години од постоењето на Сојузот и 100 години од откривањето на инсулинот. бт/sa/

Остани поврзан