• сабота, 16 ноември 2024

Заев за годишнината од посетата на Ципрас: Договорот од Преспа дополнително ги заштити нашиот македонски идентитет, култура и посебноста на македонскиот јазик

Заев за годишнината од посетата на Ципрас: Договорот од Преспа дополнително ги заштити нашиот македонски идентитет, култура и посебноста на македонскиот јазик
Скопје, 2 април 2021 (МИА) - Благодарение на заедничкиот дипломатски подвиг, на денешен ден во 2019 година во историска посета на Република Северна Македонија дојде Алексис Ципрас, како прв премиер од Грција кој ја посетил државата.
Со потпишувањето на Договорот од Преспа ги премостивме речиси тридецениските разлики како два соседа и ставивме крај на тензиите меѓу нашите земји и воспоставивме ново стратешко партнерство, објави вечерва на Фејсбук премиерот Зоран Заев.
Тој потенцира дека со оваа историска спогодба коренито се промени перспективата на евроатлантските интеграции на Северна Македонија и од патник на слеп колосек денес нашата држава е полноправна членка на НАТО и посакуван партнер во Европската Унија.
-Како дел од семејството на НАТО, Северна Македонија ги споделува демократските вредности и начелата на солидарност со останатите членки, а Грција се грижи за безбедноста на нашето небо, напиша Заев.
Потенцира дека Договорот од Преспа во правни рамки дополнително го заштити нашиот македонски идентитет и култура, како и посебноста на македонскиот јазик, којшто е темел на нашата самобитноста и автохтоноста на нацијата.
-Духот на Преспанскиот договор втемелен на взаемно почитување и соработка е препознаен како позитивен пример во меѓународната јавност, за што говорат бројните конференции, анализи и истражувања, како и престижни меѓународни награди кои во изминатиот период ни беа доделени мене и на поранешниот премиер Ципрас, истакна премиерот Заев во својата објава на Фејсбук. ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан