• понеделник, 25 ноември 2024

Заев: Владата донесе успешни економски мерки во време на корона кризата

Заев: Владата донесе успешни економски мерки во време на корона кризата
Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) - Заради успешните политики на Владата на економски план во време на корона кризата Репубилка Северна Македонија заклучно 10 јуни имаа загуба од четири милиарди денари, односно околу 70 милиони евра, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното интервју во емисијата „Клик Плус" на ТВ21. Тој воедно додаде дека заради овие политики на Владата, државата се уште е во оптимистичкото сценарио. - Денеска немаме нови 140 илјади невработни, оваа беше тезата на најголемата опозициона партија. До крајот на мај имаме околу 12 илјади невработени. Сите други економски аспекти и мерки кој што ги презедовме дел дадоа резултат, дел допрва ќе дадат резултати, сега ни вршат голема работа. Нека кажат бизнисмените кога добиле повеќе пари од државата, не само за корона кризата, туку и за други мерки претходно. Во корона кризата не само два месеци, туку за три месеци даваме по 14.500 денари. Дадовме на 730 илјади граѓани помош. Тука спаѓат сите домаќинстава кој примат минимална гарантирана помош, младите и сите кој зимат под минимална плата. Кој некогаш давал вака пари, изјави Заев. оџ/сп/

Остани поврзан