• петок, 22 ноември 2024

Загинаа 18 патници, меѓу нив и деца, при автобуска несреќа во Пакистан

Загинаа 18 патници, меѓу нив и деца, при автобуска несреќа во Пакистан
Исламабад, 8 јуни 2022 (МИА) - Осумнаесет патници загинаа, меѓу нив и деца, откако автобус со голема брзина слета од патот во југозападниот дел на Пакистан. Заменик-регионалниот администратор Мохамед Касим информираше за обиди на спасувачите да ги пренесат телата во блиската болница. Тој додаде дека „очигледно, нема преживеани“. Точната причина за несреќата сè уште не е утврдена. Медиуми потсетуваат дека трагедии како оваа се вообичаени во Пакистан, поради лошите патни инфраструктури, непочитувањето на сообраќајните закони, лошо одржуваните возила. бд/ссм/

Остани поврзан