• вторник, 05 ноември 2024

Завршни зборови на странките во случајот „Меѓународен сојуз“

Завршни зборови на странките во случајот „Меѓународен сојуз“
Скопје, 16 март 2022 (МИА) - Странките во кривичниот предмет „Меѓународен сојуз“ денеска во Основниот Кривичен суд - Скопје е предвидено да ги дадат завршните зборови. Судењето за овој случај го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Вилма Рускоска. Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски-Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари“. Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Обвинетата Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“. оџ/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан