• понеделник, 23 декември 2024

Заврши ТВ-серијата „Живи мртовци“

Заврши ТВ-серијата „Живи мртовци“

Лос Анџелес, 22 ноември 2022 (МИА) - По 12 години и 177 епизоди, „Живи мртовци“ (The Walking Dead) го доживеа својот крај. Последната епизода од светски познатата пост-апокалиптична хорор-драма во САД беше емитувана на 20 ноември.

Финалето се сосредоточи на преостанатите преживеани - предводени од Дерил Диксон (Норман Ридус) и Керол Пелетие (Мелиса Мекбрајд), додека се борат да го надвладеат „Комонвелтот“.

„Сè уште мојата омилена серија на сите времиња. Не ми е гајле што велите. Ноќта беше толку слатка“, „Финалето беше сè што сакав. Фала за сè, 'Живи мртовци'!“ - гласат дел од коментарите на обожавателите. Оваа 11-та сезона од серијата, што беше и последна, беше поделена на три дела со по осум епизоди. Сепак, и покрај тоа што обожавателите се збогуваа со оригиналната приказна, сега има и неколку свои „спин-оф“ одграноци, како што се „Страв од живите мртовци“ (Fear of the Walking Dead) и „Приказни за живите мртовци“ (Tales of the Walking Dead), а беше најавен и филм.  си/сд/

Остани поврзан